НАПАД ИСТАНБУЛ: Уапсени тројца Руси-имаат врска со Исламска држава!
Тројца Руси, осомничени за врски со "Исламска држава" (Даеш) приведе полицијата во Анталија, објави новинската агенција "Ројтерс".
Акцијата е дел од масовните апсења,кои почнаа по вчерашниот напад во Истанбул, при што загинаа 11 лица, вклучувајќи и камикази, опашан со експлозиви.
Според информациите кај приведените се пронајдени документи на терористичката група, како и компјутерски дискови со инкриминирачки податоци.
Претходно денеска официјалните власти во Анкара објавија дека веќе се уапсени 59 лица при контратерористичните операции кои почнаа во пет градови, соопшти "Хабер Турк".
Слично
