Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нано Ружин: претседателските избори може да доживеат целосен неуспех!

Нано Ружин: претседателските избори може да доживеат целосен неуспех!
Нано Ружин, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, смета дека 2014 година ќе биде предизборна година - пред изборите во 2015 и очекува остар пад на рејтингот на власта како резултат на економската, социјалната и политичката криза. Ружин не верува дека ќе има предвремени парламентарни избори, а претседателските ќе бидат неизвесни. Фактор: Како ја оценувате на економски и политички план 2013 година? Ружин: На економски план задолжувањата продолжуваат, а јавниот длг достигна 2,8 милијарди евра. На SNN не прогласија за најненадежната држава и помѓу петте најнеуспешни.Стапката на невработеноста и натаму е рекордна а сиромаштијата приближно како и стапката на невработеност.Четвртина од граѓаните имаат средства за 17 дена потпросечен живот.Останато е задолжување и немаштија. Градежништвото ја вади од кал економијата но тоa се внатрешни инвестиции колку да се залажуваме. Нови споменици и куп кич-глупости. Фактор: Какви се очекувањата на економски и политички план за 2014 година ? Ружин: Многу ми асоцира на проектот Скопје 2014. Пристигаат датумите за враќање на кредитите. Пари се повеќе ќе нема, а државата се повеќе ќе се задолжува.Социјалните, политичките, па и меѓуетничките тензии можат да се интензивираат. Можно е со автопатите да почне да се декомпресира социјалната напнатост, но се плашам од поврзанпста на циклусите на кризата и задолженоста. Не верувам дека ќе има предвремени избори, а претседателските ќе бидат неизвесни од две причини: Опасноста за цензусот и однесувањето на ДУИ. Секако ова прашање зависи и од фактот кои ќе бидат кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и дали ДУИ ќе се сложи со тоа. Тоа ќе биде предизборна година пред изборите во 2015 и очекувам остар пад на рејтингот на власта како резултат на економската, социјалната и политичката криза. Коалициите ќе се прошират особено оние од опозицијата, а прашњето на името и спорот со Грција нема ништо да донесат. Имено како што беше истакнато во говорот на Иванов, ќе се оди на уште една пирова победа во Генералното собрание на ООН, но Советот за безбедност вројатно ќе ја оспори. Ќе продолжиме да тапкаме пред НАТО и ЕУ и љубоморно ќе набљудуваме како Црна Гора, Србија и Албанија напредуваат. Можно е во Македонија да се зајакне некое движење на крајната левица слично на она на Сириза во Грција, а очекувам и една немирна политичка година со големо влијание на Меѓународната заедница во поглед на неколкупрашања: Избирачки список, демократија, медиуми, корупција, репресија и човекови права. С.Н.
Слично

Поврзани вести