Наместо за Панорамско тркало, парите да се дадат за поплавените подрачја
Илјадници луѓе се приклучија кон иницијативата на социјалната мрежа Фејсбук каде се бара „Парите за Панорамското тркало да се пренасочат кон жртвите од поплавите и погодените подрачја“.
Во 2012 година беше соопштено дека Скопје има план да гради Панорамско тркало со придружни објекти и мостови кои ќе бидат истакнати меѓу камениот мост и мостот Гоце Делчев.
Идејата е центарот на градот да се збогати со нови атракции.
Проектот предвидува Панорамското тркало да е високо 60 метри, а со него треба да бидат изградени и патека на македонските ѕвезди, цветен и сончев часовник, две летни тераси, фонтана и отворени водени површини.
Плановите на скопската општина, очекувано, предизвикаа незадоволство меѓу дел од граѓаните кои сметаат дека трошењето на јавните средства за слични проекти е неоправдано.
Медиуми му го пренесоа прашањето на Фејсбук иницијативата на претседателот Иванов и градоначалникот на Скопје, но одговорите беа двосмислени.
„Тоа е одлука на Владата, упатете ги прашањата кон неа. Јас, како претседател, го направив она што е во моите надлежности“, изјави шефот на државата Ѓорге Иванов.
Од „Слободна Македонија“ сепак напоменуваат дека проектот за Панорамското тркало не е на владата, туку на ЈСП
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, исто така одби да одговори на прашањето дали парите од проектот можат да бидат пренасочени кон погодените од поплавите.
