Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо во Охрид, Самитот на лидери да се одржи во Букурешт?

Наместо во Охрид, Самитот на лидери да се одржи во Букурешт?
Откако Македонија го откажа Самитот на претседатели и држави на влади од Југоисточна Европа, денеска стигна предлог од претседателот на Романија, Трајан Басеску одложениот самит викендов да се одржи во Букурешт.
„Мислам дека идејата за самит во Букурешт беше порака дека имаме интерес да ја поддржиме соработката во областа. Tоа е позитивна порака на нашите колеги дека регионата соработка мора да продолжи, мора да соработуваат и искрено говорејќи јас имав многу малку информации за состанокот", изјави денеска Раду Подгорјан, од романското МНР.  Сепак Романија брзо ја повлече ваквата понудата откако, според информациите во јавноста, претседателите ја одбиле ваквата покана. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска пак не го коментираше откажувањето на Самитот во Охрид, но запрашан за романскиот предлог, Филе рече дека ќе поддржат каков и да е вид самит кој е инклузивен и каде ќе се соберат сите претставници од регионот. Министерски Совет во Охрид И покрај откажувањето на лидерскиот Самит, денеска во охрид се одржа формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во рамки на македонското претседавање со Процесот.
„ПСЈИЕ ни овозможува да ја зачуваме стабилноста, како и да го зајакнеме просперитетот. Сведоци сме на големи промени во регионот и во тој контекст мора да се напомене дека надвладеа духот на солидарноста при градењето поблиски односи на соработка меѓу нас", рече македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. На состанокот присуствуваа Македонија, Албанија,Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, а средбата имаше за цел да ги потврди можните начини за искористување на претпристапните фондови од ЕУ за овие држави.
Слично

Поврзани вести