Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо во Австрија, на слатки и кафе отсега и во Хрватска

Наместо во Австрија, на слатки и кафе отсега и во Хрватска
Австрискиот ланец на кафе-слаткарници Аида на пролет пристигнува во Хрватска. Според најавите на претставниците на компанијата „Aida Prousek&Co“ треба да се отворат два локала. Стефан Ратзенбергер од познатат австриска компанија посочува дека се планира во текот на март да се отвори локал во Загреб, а потоа уште еден на локал за кој преговорите се во тек, пренесува хрватскиот „Деловен весник“. Ратзенбергер најави и дека првото кафе-слаткарницата ќе се наоѓаат на одлична локација во центарот на Загреб, со површина од 300 квадратни метри, но сеуште не се откриваат детали за планот.
Слично

Поврзани вести