Наместо нови вработувања законот за хонорарци ќе донесе голем број откази
Од први јануари идната година на сила стапуваат измените на законот за исплата на придонеси на хонорарните работници кои имаа примања поголеми од минималната плата и покрај негодувањата на голем број синдикални и невладини организации ваквата обврска да биде одложена.
Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, измените на законот се добри и ќе допринесат да се реши статусот на голем број невработени лица, затоа, како што тој изјави денеска, одложување на законската обврска нема да има.
На ваквиот став на министерот дел од синдикалните и невладини организации одговорија дека овие измени не само што ќе предизвикаат намалување на хонорарите туку и ќе допринесат за врачување на голем број отказни решенија.
Измените на законот во однос на лицата кои добиваат пониски хонорари од повеќе места, а нивната вкупна вредност е над минималната плата, предвидуваат тие самите да си ги плаќаат новите давачки.
Дека решението не е прифатливо смета и дел од бизнисмените бидејќи на тој начин ќе се зголемат и нивните давачки.
Слично
