Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо на хартија, се воведува електронска Фактура

Наместо на хартија, се воведува електронска Фактура
Во иднина размената на сите информации меѓу компаниите ќе се одвива по електронски пат, а бизнис заедницата на побрз начин ќе разменува нарачки, каталози, а во иднина и електронска фактура. Во Стопанската комора на Македонија денеска беше презентиран електронскиот систем за податоци, нова алатка која треба да помогне во зголемување на конкуреноста на македонските компании особено надвор од државата. „Да им ставиме крај на хартиите во комуникацијата меѓу компаниите и институциите и да промовираме еден систем на електронска размена на информации како во тековното работење, така и во промоцијата на македонските производи преку изработка на каталози, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Во контекст на примената на комуникациско-информатичките технологии во бизнис секторот, од Министерството за инфоматичко општество и администрација најавуваат дека ќе бидат направени измени на одредени закони со кои би се заокружил целокупниот процес на електронска размена на податоци и би се намалила употребата на хартија во комуникацијата меѓу фирмите.

Измените беа најавени за идната година и со нив, преку промена на Законот за додадена вредност треба да се се овозможи законска рамка за електронската фактура. „ Следната година сигурно ќе бидат донесени измените на Законот за ДДВ како и повеќе други закони, како што е и законот за управување на податоци во електронски облик и електронски потпис кои ќе овозможат една законска рамка за сето ова да стане реалност“, појасни Марта Томовска-Арсовска. Електронскиот систем на размена на информации меѓу компаниите како пилот проект беше спроведен во три македонски компании и тоа  Пекабеско, Виталија и Тинекс.
Слично

Поврзани вести