Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо да купуваат станови, Србите вложуваат во обработлива земја

Наместо да купуваат станови, Србите вложуваат во обработлива земја
Цената на обработливото земјиште во Србија лани драстично е зголемена, пишува весникот „Вечерње новости“. Според весникот, цената на 1 хектар вакво земјиште од 8.000 евра се зголемила на 16.000 евра. Причина за ваквото зголемување на цената на земјиштето, објаснуваат за весникот агрономи, е тоа што вложувањето во земја е најсигурно во време на криза. На висината на цената на обработливото земјиште покрај тоа, констатира весникот, големо влијание имаат и 230 странски компании кои во Војводина инвестирале вкупно 6,432 милијарди евра, потоа приватизацијата на земјоделските комбинати, но и сè повисоката цена на храната на светскиот пазар. Експерти за весникот велат дека со приближувањето на Србија кон Европската унија, можно е цените на обработливата земја да пораснат уште повеќе.
Слично

Поврзани вести