Наместо да гради ѕид, Србија ќе ги испраќа мигрантите во Хрватска и Бугарија
Вицепремиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјавил дека нема да градат заштитен ѕид долж границата на Македонија за да го спречат протокот на мигранти. Наместо тоа, мигрантите што минуваат низ Србија ќе ги пренасочуваат кон Хрватска и Бугарија.
Тој додаде дека ако Хрватска донесе одлука за изградба на ѕид на границата со Србија, тогаш мигрантите би ја заобиколувале Србија на патот кон членките на ЕУ.
Унгарија пак, реши да испрати уште неколку илјади полицајци на јужната граница кон Србија, каде веќе се гради заштитниот ѕид.
Слично
