Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо цвеќе на подарок 5.000 сметки

Наместо цвеќе на подарок 5.000 сметки

Жена која живее во околината на Белград ги замолила блиските наместо да и даваат подароци за роденден, да ѝ однесат фискални сметки. 

Така таа добила 5.000 сметки со кои ќе учествува во наградната игра „Зема сметка и победи“ и смета дека има поголеми шанси да освои награда. 

Но, кога требала да ги испрати, неопходни биле 500 коверти. 

Надлежните велат дека овој нејзин труд е за пофалба, целта е што повеќе луѓе да се вклучат и затоа дневно по човек во поштите ќе се делат по 3 коверти. 

Целта е граѓаните да земаат фискални сметки, да се намали на тој начин сивата економија и свеста за плаќање данок да се зголеми. 

Вредноста на сметката не е важна во наградата игра, туку важно е да има што повеќе фискални сметки. 

Слично

Поврзани вести