Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо 300 „Визер“ вработи 50 лица

Наместо 300 „Визер“ вработи 50 лица

„Визер“ -унгарската нискобуџетна авиокомпанија почна со летови од Скопскиот аеродром „Александар Велики“ со субвенции од Владата која досега и исплатила 3,7 милиони евра.

-Во 2012 извршниот потпретседател на „Визер“ Џон Стивенсон информирал дека инвестицијата за старт со оперирање на шест дестинации ќе ги чини 80 милиони долари, што ќе биде проследено со отворање на 300 нови работни места, а Даниел де Карвало, задолжен за корпоративни комуникации во „Визер“,  за вест.мк изјавил дека компанијата досега има 50 директни вработувања пишува истоимениот весник.

„Визер“ е посветен на дополнително проширување на мрежата на македонски рути, што се очекува да придонесе за отворање нови работни места и за развој на туризмот. „Визер“ директно отвори 50 нови работни места, а линиите на „Визер“ придонесоа за голем број на индиректни новоотворени работни места, на Аеродромот и во туристичката индустрија“, изјавиле од „Визер“ за вест.мк.

Пред неколку дена Косовската влада пред Европската комисија поднесе жалба во која ја обвинува македонската влада дека ја нарушувала конкуренцијата во авиосообраќајот делејќи државни субвенции за авиобилети и директни дестинации а косовските медиуми јавувија дека, тамошните власти наскоро очекуваат позтивен одговор од Брисел.

Од ресорното министерство за транспорт и врски во Македонија рекоа дека целата постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници била внимателно анализирана пред да биде спроведена и дополнуваат дека истата е во согласност со европското законодавство.

Повеќе прочитајте на овој линк Што доби Виз-Ер од македонската Влада?

Слично

Поврзани вести