Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалувањето на роамингот со Бугарија стартува на пролет

Намалувањето на роамингот со Бугарија стартува на пролет

Премиерот Зоран Заев, по средбата со шефот на бугарската држава, Румен Радев, истакна дека Договорот за добрососедство веќе дава убави и позитивни резултати.

„Потпишани се многу договори. Очекуваме во март-април да паднат цените во роамингот помеѓу двете земји. Ги користиме лабораториите на Бугарија, споделуваме искуства и во министерствата за одбрана со свои обуки и центри кои што ги даваат на нашата армија и на полицијата. Но, она што е најзначајно е што обемот на трговијата веќе е зголемен за десет до 12 проценти. Имаме заеднички музички групи, заеднички театарски претстави“, изјави премиерот Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести