Намалувањето на грчкиот долг се најде во европските парламенти
Грција ја договри исплатата на новата транша помош, но во делот на намалување на грчкиот долг три национални парламенти од 17-те земји членки на еврозоната ќе мора да гласаат за одобрување на ваквиот договор на меѓународните кредитори.
Долниот дом на германскиот Парламент оваа недела ќе расправа и ќе гласа за договорот кој вклучува намалување на каматите, продолжување на доспевањето на заемите од 15 на 30 години и 10-годишно одложување на отплатата на каматите. Пакетот исто така предвидува на грчката Влада да и се овозможи да ги откупи своите обврзници од приватните инвеститори по намалени цени, како и дека ќе и се вратат 11 милијарди евра од профитите во националните банки кои се собрани со купување од страна на ЕЦБ на намалените грчки државни обврзници на секундарниот пазар.
Холандскиот Парламент исто така мора да го одобри договорот, но и овде, како и во Германија, не се очекуваат проблеми. Во Финска, каде што пратениците од претходно имаат поставено тешки услови за поддршка на кризи, и бараат гаранција за заемите за Грција, парламентарниот комитет однапред и даде на министерката за финансии Јута Урпилаинен преговарачки мандат и таа за време на состанокот на еврогрупата постојано се консултирала со нив, пред да се согласи со што било. Францускиот Парламент исто така ќе мора да го одобри договорот, но тоа ќе го стори во рамките на гласањето за буџетот за 2013 година, или за дополнувањето на буџетот за 2012.
Слично
