Намаленото производство на нафта во САД – причина за повисоки цени
Еврото се зголеми во однос на доларот во текот на вчерашниот ден. Инвеститоритe избегнуваа инвестирање во американската валута пред денешното објавување на забелешките од последниот состанок на Банката на федерални резерви.
Британската фунта во текот на вчерашниот ден се зголеми на месечниот максимум во однос на доларот, откако ММФ предвиде дека економскиот раст ќе се зголеми.
Во текот на вчерашниот ден, цените на американските акции го запреа падот по три дена поминати во надолен тренд.
Цената на златото остана стабилна за време на азиското тргување по вчерашниот раст. Цената на суровата нафта, пак, порасна во текот на вчерашниот ден откако беше објавен извештајот според кој се очекува производството на нафта во Америка во текот на оваа и наредната година да биде помало отколку што се очекуваше.
Детална анализа ТУКА
Слично
