Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалено паркирањето во Центар по поскапувањето на цената

Намалено паркирањето во Центар по поскапувањето на цената

По поскапувањето на цената за еден час паркинг од страна на јавното претпријатие ПОЦ намален е бројот на паркирања на територијата на општина Центар.

Станува збор за 10 отсто помалку паркирани возила во текот на целиот јануари во споредба со истиот месец од една година претходно.

Поскапувањето стапи на сила од 8 јануари, а цената беше зголемена за 20 денари.Во меѓувреме имаше и вонредна мерка во поскапувањетои поради загадувањето.

Директорот на ЈП Паркинзи Општина Центар, Васко Кичевским за СДК изјави дека очекува во наредниот период намалувањето да биде за 20 отсто.

Општина Центар паркингот го наплаќа по цена од 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната.

Слично

Поврзани вести