Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалено домашното производство на струја во Македонија

Намалено домашното производство на струја во Македонија
Домашното производство на електрична енергија се намалува, па увозот  на струја во Македонија е сѐ поголем, покажуваат податоците за минаната година на Државниот завод за статистика. Во рок од една година , во 2014 во споредба со 2013 година, нето увозот на струја е зголемен за 21,9 отсто. Истовремено, помалку струја се произведувало од хидроцентралите, термоцентралите и комбинираните централи, па за една година производството се намалило за 12,3 отсто. Како главна причина,  на што се должи ова намалување на производството, од државните електрани ги посочуваат слабите врнежи и ревитализацијата на дел од енергетскиот капацитет. “Намаленото производство кај хидроцентралите првенствено се должи на неповолната хидролошка состојба во првото полугодие од годината, но и процесот на ревитализација на дел од хидроелектраните што заврши кон крајот на јули. “, велат од ЕЛЕМ.
Слично

Поврзани вести