Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалените казни за фирмите усвоени во Владата, се чека на Парламентот

Намалените казни за фирмите усвоени во Владата, се чека на Парламентот

Предлог-законите со кои се предвидува намалување на казни за фирмите вчера беа усвоени на Владината седница при што сега се чека да поминат и во Парламентот.

Имено, усвоени се 78 материјални закони со кои се заокружува целосното функционирање на системот за намалување на казните, а 28 веќе беа усвоени пред 2 август.

Според премиерот Груевски Владата исполнила уште едно ветување истакнувајќи дека казните  ќе бидат намалени за неколку пати.

„За помалите фирми казните ќе бидат намалени за шест до осум пати, за средните фирми од два до четири пати, а ќе има и намалување на казните и кај големите фирми. Се воведува и системот со којшто во многу од случаите ќе има можност за опомена доколку некоја фирма претходно не била казнувана“, изјави вчера премиерот.

Тој надополни дека ќе биде регулирана и висината на казната според бројот на вработени и економската моќ на фирмата.

Слично

Поврзани вести