Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалени приходи и загуба по оданочување – Како работи „Паркови и зеленило“?

Намалени приходи и загуба по оданочување – Како работи „Паркови и зеленило“?

Просечната плата во Јавното Претпријатие “ Паркови и зеленило“ изнесува 21 431 денар. Според најновиот извештај што го сублимира работењето за 2012 та година, во фирмата работеле 481 лице.

Според степеното на образование, најголем дел од вработените или 162 лица се со средно образование, потоа 114 лица се со квалификувано образование, а 103 работници се нискоквалификувани.

Во Јавното претпријатие “Паркови и зеленило“ само 13 % од вработените се со високо образование.

Во однос на финансиската кондиција на фирмата, во документот потпишан од Надзорниот одбор пишува :

“Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење ја констатира финасиската состојба на ЈП “Паркови и зеленило“ кој покажува бруто добивка од 2 757 евра, данок на непризнаени расходи од 53 173 евра и загуба после оданочување од 50 415 евра.“

Сумираните податоци за финасиското работење покажуваат дека во 2012 та година во однос на 2011 та година,  јавното претепријатие оставрило помали приходи и расходи, при што 47% од расходите завршуваат за исплата на плати.

Слично

Поврзани вести