Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалени казните на осудените за кражба на артефакти

Намалени казните на осудените за кражба на артефакти
Апелацискиот суд Скопје денеска ги намали казните на осудените,  за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија. „Советот на Апелацискиот суд по поднесените жалби од страна на обвинетите и нивните бранители одржал јавна седница на 18.01.2016 година по што донел преусда со која на обвинетите З.В. кој со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор во траење од 6 години и 8 месеци за две кривични дела, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353 – в ст.4 в.в со ст.3 и ст. 1 од КЗ опишано во точка 1 од изреката на првостепената пресуда - Се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на пресуда. С.К.С. кој со првостепената пресуда е осудена на казна затвор во траењ е од 3 години, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353 – в ст.4 в.в со ст.3 и ст. 1 од КЗ опишано во точка 1 од изреката на првостепената пресуда - Се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци во која казна и се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 20.03.2015 година. П.Ј. кој со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор во траење од 8 години и 8 месеци за две кривични дела, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда Се осудува на казна затвор од 2 години и 3 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на пресуда. Ч.К. кој со првостепената пресуда е осуден на единствена казна затвор во траење од 7 години и 8 месеци за две кривични дела, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Прикривање од член 261 ст.3 в.в со ст.1 од КЗ, опишано во точка 4 од изреката на првостепената пресуда - Се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на пресуда. Ј.К. кој со првостепената пресуда е осуден на казна затвор во траење од 3 години Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда, Се осудува на казна затвор од 9 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 27.10.2014 година, односно до 03.11.2014 година. Д.К. кој со првостепената пресуда е осуден на казна затвор во траење од 1 години, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда - Се осудува на казна затвор од 9 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 27.10.2014 година, односно до 03.11.2014 година“. А.Е. кој со првостепената пресуда е осуден на казна затвор во траење од 1 години, Апелациониот суд ја преиначува казната и за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 22 и 45 од КЗ, опишано во точка 3 од изреката на првостепената пресуда - Се осудува на казна затвор од 9 месеци во која казна му се засметува времето минато во притвор од 27.02.2014 година до правосилност на решението на Кривичниот суд од 27.10.2014 година, односно до 03.11.2014 година. Со одлуката на Апелациониот суд првостепената пресуда со К.бр. 2164/14 од 20.03.2015 година се укинува во однос на точка 2 од изреката на пресудата со која обвинетите З.В., П.Ј. и Ч.К. со првостепената пресуда беа осудени за кривичното дело Отуѓување на културно наследство од особена значење во државна сопственост од член 266-а од КЗ, и во тој дел предметот се враќа на повторно судење“, се наведува во одлуката од Апелацискиот суд.
Слично

Поврзани вести