Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалени инвестициите во Косово

Намалени инвестициите во Косово

Според официјалните податоци на Народната банка на Република Косово,  во јануари оваа година, вредноста на инвестициите е 16,3 милиони евра.

Се смета дека политичката криза го намалува интересот за инвестирање. Претходно 2014 година беше период кога Косово имаше најмалку странски капитал, додека минатата година имаше значително зголемување на странските инвестиции. Министерот за финансии, Авдула Хоти, во еден пост на социјалната мрежа Фејсбук, пишува за економските трендови, и според него, економските показатели укажуваат дека економијата на Косово на долг рок ќе има раст.

Тој напомена дека странските инвестиции во 2015 година беа околу 320 милиони евра, во споредба со 151 милиони евра во 2014 година.

Слично

Поврзани вести