Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалената цена на бензините може да го погоди македонскиот буџет!

Намалената цена на бензините може да го погоди македонскиот буџет!
Можноста  за нарушување на увозот на природен гас поради украинската криза е значајна закана за енергетската сигурност на Македонија и Босна и Херцеговина, предупредуваат економистите од Светска банка во најновиот економски извештај за земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ6). Според прогнозите на Светска банка и на Европската комисија, во случај на нарушување на увозот на гас од Русија, достапноста на гасот во Босна и Херцеговина и во Македонија може да се намали за дури 80 до 100 процентиза најмногу неколку недели. -Потрошувачката на природен гас е значителна во три земји на регионот Југоисточна Евроспа, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, кои најголем дел од природниот гас го увезуваат од Русија преку Украина. Можноста за нарушување на увозот на гас е значајна закана за енергетската сигурност на овие земји. Домашното производство на природен гас и капацитетите за складирање се ограничени во Босна и Херцеговина и во Република Македонија. Поради тоа, вакво нарушување веројатно ќе има поголем ефект овие економии отколку во Србија каде домашното производство и постојните залихи можат да покријат дури половина од годишната потрошувачка на природен гас на Србија, стои во економскиот извештај на Светска банка за регионот ЈИЕ6. Економистите од Светска банка укажуваат дека економиите на земјите од регионот се ранливи од ефектите на украинската криза, порадни нивните силни врски со Европската унија и со Русија. Во Србија се проектира дека потрошувачката на гас ќе остане непогодена во првите пет месеци. Економиите на Албанија, Косово и Црна Гора не зависат од потрошувачката приреден гас. -Меѓутоа нарушувањето на снабдувањето со природен гас веројатно ќе ја зголеми регионалната побарувачка за електрична енергија што би имало влијание врз домашните цени на електричната енергија и на храната. Исто така економиите од регионот ЈИЕ’ се високо зависни од пазарите на Европската унија, бидејќи ЕУ е главната дестинација за извозот на стоки и услуги од регионот ЈИЕ6. ЕУ увезува 53 проценти од енергијата што ја троши и 66 проценти од природниот гас. Околу четвртина од потрошувачката на гас на ЕУ се увезува од Русија, а половината од овој увоз е од Украина. Нарушувањето на извозот на руски гас во ЕУ особено би ги подогило Источна Европа и Балтикот, а преку намалената надворешна побарувачка и шесте земји од Југоисточна Европа, се наведува во извештајот. Спорот помеѓу Русија и Европа отиде до таму, што во обид да се демонстрира моќ, препукувањата на двете сили се прекршија врз гасоводниот мега проект Јужен тек. Москва го прогласи за мртов, а во исто време го најави новиот гасоводен систем – Балкански коридор чија траса ќе минува од Црното Море преку Турција се до границата со Грција. Според првичниот план за Јужен тек, Македонија, требаше со посебен крак да се поврзе со гасоводот од цевката која што ќе минува српската територија. Кога Русија го прогласи за мртов проектот, македонските власти изјавија дека земјава нема да имаме никаква штета од стопирањето на изградбата на Јужен поток. Но  Македонија речиси и никогаш да не обелодени официјален договор со Русија за овој проект, поради што експертите од областа на енергетиката коментираат дека ако сме немале штета, тогаш не сме биле ниту во состојба да имаме и корист од целиот проект Јужен поток.Од Владата изјавија дека работата на изнаоѓање на алтернативни решенија. Рускиот претседател Владимир Путин, најави дека новиот гасовод кој треба да биде замена за Јужен тек, ќе поминува низ Македонија и Србија, што на подолг рок би значело енергетска сигурност за регионот. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изјави дека изградбата на гасовод од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија би била алтернатива за проектот „Јужен тек“. Според него, ова е едно од можните решенија, кое би ги обезбедило предвидените количини гас што беа планирани со „Јужен тек“. Падот на цените на дериватите ќе донесе и ризици и придобивки Ниските цени на нафтата на светските берзи би можело да го поддри повисокиот економски раст на земјите од Југоисточна Европа. Во извештајот на Светска банка се наведува дека  понатамошниот пад на цената на нафтата би имал значително влијание врз салдото на тековната сметка во сите земји освен во Албанија, која има голем извоз на нафта и поради тоа би можела да биде погодена од тековните ниски цени нафатата. Според прогнозите на банката, падот на цената на нафтата за околу 40 отсто во текот на целата 2015-та година, споредено со просечната цена во 2013-та година би можел да резултира со просечно намалување на дефицитот на тековната сметка во регинот ЈИЕ6 за околу 2 просенти поени споредено со тековните прогнози. Од банката посочуваат дека одржаниот пад на цените на нафтата би имал и поволно влијание врз екјономската активност преку намалување на трошоците за фирмите и за потрошувачите, поттикнувајќи го економскиот раст. Земјите од регионот увезуваат значителни количества нафтени деривати, а Босна и Херцеговина и Република Македонија увезуваат горива во вредност од околу 10 проценти од бруто-домашниот производ. -Намалувањето на цената на нафтените деривати, нема да има поголемо влијание врз приходната страна на Буџетот во Македонија, бидејќи акцизите се поврзани со количествата на узвезената стока, а не со нивната цена, изјави економистката на Светска банка за Македонија, Доерте Доемлант. Економистите од Светска банка укажуваат и на ризиците од падот на цените на нафтата. -Бидејќи ДДВ е значителен извор на приходи за јавниот паричник, падот на цените на нафтата веројатно ќе се преслика во пониски даночни приходи. Мора да се направат одредени активности за да се зголеми наплатата на даноците, на пример преку зголемување на акцизите. Владите може да земат во предвид и алтернативни мерки на даночна политика ( на пример акцизи на горивата, даноци на тутунот, јаглеродни такси) за финансирање на намалените приходи од другите даноци, особено оние на трудот, за да се охрабри зголемувањето на вработеноста. Конечно ако пониските цени на горивата се преточат во пониски инфалторни очекувања, може да се намали и инфалцијата движена од цените на горивата,што носи свои ризици, стои во извештајот. Цените на нафтата на светските берзи и натаму имаат надолен тренд. Падот на цената на нафтата се забрза откако во ноември членките на ОПЕК одлучија да го задржат нивото на производство од 30 милиони барели дневно. Светските аналитичари прогнозираат дека цената на црното злато годинава ќе се намали под нивото од 40 долари за барел. Во Македонија поради трендот на намалувње на цената на нафтата на берзите, неколку пати се намалија цените на горивата но и на природниот гас. Иако според аналитичарите ваквиот тренд треба да доведе до поевтинување на производите од другите сектори, освен пад на цените на месото, засега нема намалување на цените на лебот и јавниот превоз. Ј.С  
Слично

Поврзани вести