Намалена загуба на „Лотарија на Македонија“
Финансискиот резултат, односно загубата по одданочување за периодот 01.01.2014-31.03.2014 на Лотарија на Македонија АД Скопје изнесува 4.582.000 денари (околу 74 илјади евра), додека за истиот период од предходната година Лотарија на Македонија АД Скопје покажа загуба по одданочување која изнесуваше 7.344.000 денари (119,5 илјади евра). Ваквиот финансиски резултат од извештајниот период за тековната година, споредено со извештајниот период од минатата година е резултат на следните показатели:
- Вкупните оперативни приходи се намалени за 55%;
- Вкупните оперативни расходи се намалени за 49%.
Вкупните оперативни приходи се намалени за 55% поради фактот што истите се директно врзани со приредувањето на игрите на среќа.
Вкупните оперативни расходи се намалени за 49%, како резултат на залагањето на друштвото во овој период од 2014 година во намалувањето на оперативните расходи како што се: набавната вредност на трговските стоки (7%), трошоците за материјали (84%), услугите од производни и непроизводни организации (39%), останатите трошоци од работењето (13%) како и останати расходи од работењето во апсолутен износ од 11.804.000,00 (трошок кој не се појавува во овој период од годината), трошоците за вработените (19%), амортизацијата (21%), информираат од Лотарија на Македонија АД Скопје.
Лотарија на Македонија АД и понатаму се залага и прави напори за изнаоѓање начини за зголемување на приходите а намалување на трошоците, со постоечките ресурси кои се на располаѓање на друштвото, додаваат од компанијата во образложението на извештајот доставен денеска до Македонска берза.
Слично
