Намалена сивата економија во Црна Гора
Сивата економија во Црна Гора е намалена во периодот од 2013 до 2015 година, констатира Владата во земјата.
Сепак сивата економија не е целосно искоренета и за таа цел и оваа година е усвоен акционен план. Борбата со сивата економија помогнала за фискална консолидација и зголемување на приходите.
За оваа година Владата на Црна Гора планира зајакнување на даночната дисциплина и строги казни. Преку кампањи ќе се инсистира на јакнење на свеста кај граѓаните дека сивата економија е штетна. Црногорските политичари признаваат дека во одредени сектори има сива економија, но настојуваат преку соодветни законски решенија да ја сузбијат.
Во 2015 година направени се напори за развој на претпријатијата, создавање на подобри услови за бизнис, привлекување на инвестиции, отстранување на административни бариери и друго.
Слично
