Намалена потрошувачката на електрична енергија во април
Бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија во април оваа година изнесувала 677.971 МWh, што во споредено со истиот период лани претставува пад од 4,07 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествувал со 25 отсто, додека бруто-домашното производство со 75 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април оваа година, во Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесувал 5.709 мил.mn3, што во споредба со увозот во истиот период од лани претставува пoраст од 36,65 отсто.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествувал со 39,35 отсто, додека финалната потрошувачка со 59,17 отсто.
Слично
