Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалена невработеноста во земјава

Намалена невработеноста во земјава
Стапката на невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7 проценти, а бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица, покажуваат податоците на Државниот завод на статистика. Во однос на претходниот месец бележи намалување од 0,1 отсто кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969. Повеќе од половина од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7 проценти од невработените се на возраст од 25 до 49 години. Според образование со четири години средно се 114.350 невработени лица, а со високо 41.509 невработени лица. Стапката на активност во третиот квартал од годинава изнесува 57,3, а активното население во земјава брои 957.417 лица. Најмногу вработува преработувачката индустрија каде се вработени 134.339 лица и во земјоделскиот сектор се 127.747 лица.
Слично

Поврзани вести