Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалена куповната моќ на Грците

Намалена куповната моќ на Грците

За пет проценти во последните две години е намалена куповната моќ на Грците , јавија грчките медиуми.

Податоците се на институтот за труд кон двата најголеми синдикати во земјата - на работниците во приватниот сектор ГСЕЕ и на државните службеници АДЕДИ.

Анкетите покажаа дека основната плата во Грција веќе се движи на нивоата на оние во Португалија, Шпанија, Малта и Словенија. Постојат индикации за понатамошен пад до нивоата во Источна Европа.

Во последните две години реалната плата е намалена од 84 отсто до 74 отсто од просечното европско ниво.

Вознемирувачки се и податоците за масовноста на сиромаштијата во Грција. Секој втор Грк живее на работ на сиромаштијата со годишни приходи помалку од 4.871 евра.

Слично

Поврзани вести