Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалена добивката на „Фершпед“

Намалена добивката на „Фершпед“
„Фершпед“ изминатата 2013 година ја заврши со добивка од 12.071.000 денари или околу 200.000 евра, што е само 12% од нето добивката остварена во претходната 2012 година, која изнесувала 101.897.000 денари. Како што објавија од компанијата во годишниот неревидиран извештај до Македонската берза, намалената добивка се должи пред се на поголемиот раст на расходите од приходите. Остварените оперативни приходи во износ од над 4 милијарди денари се поголеми за  11% во однос на истиот период од минатата година, кога тие изнесувале 3.7 милијарди денари. Високиот пораст на приходите е последица на припојувањето на друштвото Соаре ЉР ДООЕЛ Скопје, соопштуваат од „Фершпед“. Во вкупните оперативни приходи најголемо учество имаат приходите од продажба на домашен пазар од 90,4%, на приходите од продажба на странски пазар отпаѓа 9,2% и останатите оперативни приходи учествуваат со 0,7%. Сепак, покрај растот на приходите, се зголемиле и вкупните оперативни расходи, кои во 2013 година изнесувале 4.26 милијарди денари и тие се за 17%  поголеми во однос на истиот период од претходната 2012 година. Порастот на оперативните расходи произлегува од порастот на  расходите за услуги (пораст на цените на услугите особено транспортните) кои имаат и најголемо учество во вкупните оперативни расходи, односно учествуваат со 81,4%. Овие цени се зголемиле за 18% во однос на истиот период од минатата година. Освен ова, порастот на оперативните расходи се должи и на  порастот на расходите за трошоци за вработените кои покажуваат зголемување за 23% како последица на припојувањето, информираат од „Фершпед“.
Слично

Поврзани вести