Намалена цената на метанот: Најеколошкото гориво сега подостапно за потрошувачите
Потрошувачите од денеска ќе може да го купуваат метанот како погонско гориво по пониска цена или 32 денари за килограм.
Метанот може да се користат за погон на автомобили, комбиња и тешки камиони и автобуси. На пазарот веќе се достапни нови модели со фабрички вграден уред, додека најголемиот дел постојни дизел возила може лесно да се пренаменат за користење на метан.
Ова алтернативно гориво го продолжува векот на траењето на моторот, значително потивка работа на моторот и што е најважно испушта помала количина на штетни материи, со емисија на СО2 значително пониска во споредба со бензинот.
Слично
