Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намален бројот на работниците во индустријата

Намален бројот на работниците во индустријата
Континуирано се намалува бројот на работниците во индустријата. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во периодот од јануари до септември годинава, во индустријата  работеле за 2,7% помалку работници отколку во истиот период лани. Најмногу се намалил бројот на работници во преработувачката индустрија и тоа за 5,7% во споредба со лани. Пораст на бројот на работници има во секторите Рударство и вадење камен за 0,5% и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,7%, Капитални производи за 11,3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9% .

Слично

Поврзани вести