Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намален бројот на осудени и пријавени за сторени кривични дела

Намален бројот на осудени и пријавени за сторени кривични дела

Бројот на пријавените полнолетни лица - познати  сторители на кривични дела, во 2015 година, во споредба со 2014 година, е намален за 4.4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 11.7%, а бројот  на обвинетите лица, исто така, е намален за 12.8%.

Бројот на пријавени деца во судир со закон - сторители на кривични дела, во 2015 година, во споредба со  претходната година, е намален за 20.6%.

Лани во споредба со 2014 година, бројот на осудените деца во судир со закон - сторители на кривични дела е намален за 24.5%.

Најголем број осудени има во Скопје и тоа 4.471, Прилеп 860, Тетово 566, Штип 466, Велес 440, Охрид 373, Струга 211, а другите градови се со помал број осудени.

Слично

Поврзани вести