Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо во јаглен, да се инвестира во зелена енергија!

Наместо во јаглен, да се инвестира во зелена енергија!
Банките за развој во регионот Западен Балкан потрошиле 32 пати повеќе средства за фосилна енергија отколку за обновливи извори, покажа Извештајот за енергетските инвестиции на меѓународните финансиски институции во овиј регион.Податоците денеска ги објавија граѓанските организации Аналитика, ЕкоСвест и Фронт 21/42, кои по повод Денот на јагленот - 29 јуни, побараа да институциите да преземат мерки за воведување на зелената енергија. Како што истакнаа здруженијата, Македонија е една од само две држави во регионот во кои банките не инвестирале во јаглен и нафта, покажал извештајот. Ова според нив е позитивно, посочуваат организациите, но забележуваат и дека во националната енергетска стратегија речиси половина од инвестициите треба да бидат потрошени за јаглен, што негативно ќе влијае врз здравјето на идните генерации. Европската стратегија предвидува целосно напуштање на јагленот и нафтата во електро-енергетскиот сектор до 2050. Оттука, апелираат еколошките организации од земјава, во иднина најважната област за енергетскиот развој се инвестициите во енергетската ефикасност.
Слично

Поврзани вести