Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наков од „Европа“ ја зацврстува бизнис позицијата во „Фершпед“!

Наков од „Европа“ ја зацврстува бизнис позицијата во „Фершпед“!
Сашо Наков, синот на бизнисменот  Штерјо Наков, е избран на местото на отповиканиот член на Управен одбор во „Европа“ Виолета Татабитовска. На оваа позиција тој ќе биде во следните четири години, а од „Европа“ известуваат дека тој нема акции во фирмата. Инаку шпедицијата „Фершпед“ е еден од најголемите акционери во скопската фабрика за чоколади и вафли „Европа“, откако за нешто повеќе од 120.000 евра во октомври лани ги купи акциите што дотогаш  ги поседуваше Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Подоцна Фершпед ги продаде овие акции но остана со многу силно учество во скопската кондиторска фабрика. Според официјалните податоци на Комисијата за хартии од вредност, стануваше збор за 9.489 акции, кои претставуваат 3,71 проценти од главнината на кодниторската компанија. Со нив, „Фершпед“ стигна до вкупно 22,5 отсто од сите акции и го надмина досегашниот најголем поединечен акционер „Макошпед“, кој поседува 19,8 отсто од акциите од „Европа“. Сево ова се случува во пресрет на акционерското собрание на Фершпед на кое се судрија Кираца Трајковска и Штерјо Наков, двајцата фронтмени на шпедицијата, прогласени за бизнис двоец на годината во изборот на Фактор.   Според информации што компанијата ги доставила до КХВ, во првата половина од минатата годината „Европа“ остварила приходи од продажба во висина од 5,7 милиони евра, од кои како добивка и останале 170.000 евра, што е за 8 пати повеќе од истиот период лани. Компанијата има проценета номинална вредност од 13 милиони евра.      
Слично

Поврзани вести