Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЗГОДНИ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ: Груевски на 117, Ципрас на 10 место!

НАЈЗГОДНИ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ: Груевски на 117, Ципрас на 10 место!

Премиерот Никола Груевски го зазеде 117 -то место на светот на листата најзгодни светски лидери, додека неговиот грчки колега ја освои десетата позиција.

Во листата која ја сочинуваат 197 светски лидери, хрватската претседателка од регионот го однесе деветото место во Топ 40.

Последното 197 место му припадна на Ким Јонг-Ун , лидерот на Северна Кореја, кој е прогласен за „Најнезгоден лидер во светот“.

На Кралoт на Бутан, Џигме Кесар Намигел Вангчук му припадна првата позиција, зад него е Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието.

Трето и четврто место освоија Фелипе VI, кралот на Шпанија и Кристина Фернандез де Киршнер, претседател на Аргентина.

Петото место отиде во Конго кај Претседателот Џозеф Кабила.

На шесто место се најде Анри, Големиот војвода на Луксембург, веднаш зад него се Педро Пасос Коељо, премиерот на Португалија на седмата позиција и Рафаел Кореа, претседателот на Еквадор на осмото место.

Како што споменавме 9 место го однесе хрватската убавица - претседателката Колинда Граба-Китаровиќ, а нашиот јужен сосед, премиерот на соседна Грција Алексис Ципрас го однесе 10-то место на листата.

Горе на листата се и рускиот премиер Дмитри Медведев (11), американскиот претседател Барак Обама (14), претседателот на Бугарија (30), Владимир Путин (32) Виктор Орбан (35).

Сите останати места на листата најзгодни светски лидери може да ја видите на овој линк

Слично

Поврзани вести