Економија, финансии, бизнис

Контакт

Највисокиот грчки суд ги одби жалбите за задолжителна вакцинација

Највисокиот грчки суд ги одби жалбите за задолжителна вакцинација

Грчкиот Државен совет како највисока правосудна инстанца во Грција на пленарна седница денеска одлучи дека задолжителната вакцинација против Ковид-19 е уставна и во согласност со законските одредби. 

Што се однесува до медицинскиот персонал, се смета дека вакцинацијата е уставна обврска за да се покаже социјална солидарност.

Пленарната седница на Државниот совет ги одби сите барања за поништување на релевантните министерски решенија за задолжителна вакцинација на вработените, како што се пожарникарите, лекарите, медицинските сестри, Службата за брза помош за итни случаи (ЕКАВ), Националната федерација на персоналот во јавните болници. (ПОЕДИН) и други.


Слично

Поврзани вести