НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ЗЕМААТ ВО ИТ СЕКТОРОТ: Колку изнесува просечната плата во Македонија?
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2025 година, изнесува 46.889 денари и бележи годишен раст од 7,6 oтсто. Реално растот изнесува 3,3 отсто.
Според Државниот завод за статистика(ДЗС), годишниот раст на нето-платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 13,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 отсто и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и образование 9,7 отсто.
На месечна основа декември- ноември просечната нето плата е зголемена за 2 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање за 12,8 отсто, рударство и вадење на камен за 9 отсто и градежништво за 7 отсто.
И натаму на највисоки плати се исплатени во ИТ секторот каде што просекот изнесува 85.962 денари, а најниски плати се исплатени во угостителството од 33.179 денари.
