Највисоката месечна плата е 85 илјади евра, тетовец лани од рента земал над 700 илјади евра!
Околу 85 000 евра е највисоката месечна плата што ја земал вработен од здравството, највисокиот годишен приход пак во УЈП го пријавил менаџер од Скопја и тоа од речиси 4 милиони евра. Скопјани се на врвот на листите за најголеми остварени приходи минатата година, тие имале и највисока плата, соопшти директорот на УЈП Горан Трајковски.
Најголемата капитална добивка од хартии од вредност лани изнесувала 812 илјади евра, а во УЈП се пријавени приходи од дивиденти од речиси 4 милиони евра. Светиниколчанец лани добил 275 илјади евра на игри на среќа, а еден тетовец од издавање имот земал над 7оо илјади евра.
Како што информираше Трајковски, лани 174.181 граѓанин доброволно поднеле годишна даночна пријава, а 60.000 граѓани оствариле дополнителни приходи, а не пријавиле.
„Секоја година околу 30.000 граѓани забораваат да поднесат Годишна даночна пријава, а годинава таа бројка е 60.000. Зголемениот број не е резултат на зголемен даночна недисциплина, туку на подобрените методологии, алатки што ги користи УЈП“, рече Трајковски.
Според директорот овие показатели не се последица на даночна недисциплина, туку најчесто самите обложувалници го пријавуваат и персоналниот данок на граѓаните.
Според остварените бруто приходи во Годишните даночни пријави во 2012 година, со над милион денари се 13.793 граѓани, меѓу 100.000 и милион денари се 165.174, од 10.001 до 100.000 денари се 38.166 даночни обврзници и до 10.000 денари се 17.098 обврзници.
Меѓу првите десет лица кои имаат највисоки годишни девет се од Скопје, а еден од Тетово. Скопјани преовладуваат и во делот на платата, а карактеристично е годинава што првите десет највисоки плати не се во банкарскиот и телекомуникацискиот сектор. За првпат се јавуваат адвокатските услуги, а покрај во здравствените услуги, пријавените највисоки плати се во трговија и производство на фармацевтски производи и препарати, компјутерско програмирање, техничко советување и печатарски услуги.
Директорот на УЈП денеска оцени дека даночната свест во Македонија е на високо ниво. Вели дека секоја година расте бројот на граѓани кои доброволно пријавуваат дополнителни приходи.
Слично
