Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈВИСОК ВО ДЕЦЕНИЈАТА: Колку милијарди стигна дефицитот на САД

НАЈВИСОК ВО ДЕЦЕНИЈАТА: Колку милијарди стигна дефицитот на САД

Највисокото ниво во деценија го достигна мадворешно трговскиот дефицит во САД кој во декември скокнал за 19 отсто.

Тоа го поттурнало дисбалансот на 621 милијарда долари за цела 2018та година.

Јазот помеѓу она што Американците го продаваат во странство и она што го купуваат од други земји пораснало на 59,8 милијарди долари во декеомври од ноемвриското ниво од 50,3 милијарди долари.

Тоа станува јасно од соопштението на американското Министерство за трговија кое го пренесоа светските медиуми а трговскиот дисбаланс во декември се зголемил бидејќи увозот на САД пораснал за 2,1 посто додека извозот во дргуите земји паднал за 1,9 отстои.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година наметна царини на производите од челик и алуминиум од странство, меѓу кои и на кинеските производи, врз основа на убедувања дека тарифите на увоз на крај ќе допринесат за намалување на трговската нерамнотежа.

Foto: Thinkstock


Слично

Поврзани вести