Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најуспешниот инвеститор на сите времиња секој ден чита весници

Најуспешниот инвеститор на сите времиња секој ден чита весници
Ако се земе примерот на Ворен Бафет, најуспешниот инвестирот на сите времиња со најмноги остварен профит од вложеното во компаниите, ќе се заклучи дека читањето на весници се исплати. Весниците се храна за интелектуалците одамна има забележано философот Волтер, а Наполеон истакнал дека најмоќна армија е редакцијата на неколку весници со кои може да го победи секој непријател. Ворен Бафет секое утро ги чита угледните дневни весници Wall Street Journal, Financial Times, New York Times, USA Today, Omaha World-Herald и American Banker од каде црпи информации за новите трендови во политиката, економијата, финансиите, технологијата и оптествените сфери. Секако, за да имате квалитетна интелектуална храна потребни се и квалитетни весници и медиуми, па без слободен печат и професионални медиуми не може.
Слично

Поврзани вести