Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најубавата јахта на светот пристигна во соседството

Најубавата јахта на светот пристигна во соседството

„Црн бисер“ е јахтата која важи за најубава во светот, и пристигна во албанскиот приморски град Саранда.

Со своите 106 метри, „Црн бисер“ е најголема јахта во светот. Таа е произведен во 2016 година во Холандија за рускиот бизнисмен Олег Бурлаков. Јахтата, која има шест кабини, чини 200 милиони долари.

Таа плови под знамето на Исланд, а сега во Саранда пристигнала од Кипар, во турстичка посета, но и за набавка на гориво.

Најјужнот албански прморски град Саранда, кого го нарекуваат  албански бисер, станува се поатрактивна дестинација за богатите туристи.

На крајот на јули во градот пристигна и најголемата јахта со едра на светот „А“ на рускиот милијардер Андреј Мељниченко. Таа чини 420 милиони евра. Таа е долга 142,8 метри и има три јарболи за едра високи по 90 метри.

фото МИА

Слично

Поврзани вести