НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ: Што се случуваше на македонската берза во јануари
Прометот на Македонската берза и овој месец бележи пад и тоа од 34,11 отсто, покажува месечниот билтен за јануари. Вкупниот промет на берзата во моментов изнесува 244.851.143 денари.
Во овој месец, најтргувани акции биле оние на Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит.
Акциите на Комерцијална банка учествувале со 64,23 отсто од вкупниот промет на берзата со 149 трансакции.
Алкалоид имале 8,24 отсто од вкупниот промет со 131 трансакции. Акциите на Трготекстил зафатија 4,93 отсто од прометот со шест реалицизарни трансакции.
Најголем раст на вредноста на акциите од 13,79 отсто имаат акциите на ТТК банка со просечна цена од 660 денари, додека од 13,54 отсто или просечна цена од 1 400 денари имаат акциите на Осигурување Македонија АД Скопје-Виена Иншуренс Груп.
Од друга страна пак, најголем пад на вредноста имало на акциите со Трготекстил малопродажва и тоа од 51 отсто, достигнувајќи цена од 49 денари.
Веднаш после нив доаѓа Макстил, со пад на вредноста од 14,52 отсто, односно 50 денари за акција. Трета акција чија вредност се намалила е онаа на Топлификација и тоа за 12, 55 отсто и со цена од 525 денари.
