НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ: Што се случуваше на македонската берза во декември
Акциите на Комерцијална банка биле најтргувани на македонската берза во месец декември. Банката е на прво место со вкупно 254 трансакции, покажува месечниот извештај на македонската берза.
Веднаш по неа доаѓаат и акциите на Алкалоид (125 трансакции) и Гранит (100 трансакции).
Во групата на најтргувани акции за овој период се и акциите на Македонијатурист, Фершпед, Прилепска пиварница, Макпетрол, Македонски телеком, ТТК Банка и Реплек.
Инаку, вкупниот промет на македонската берза во декември бележи раст од 4,14% и изнесува над 371 500 000 денари. Минимален раст од 0,59% бележи и бројот на на трансакции на берзата и вкупно изнесува 1 199.
Слично
