НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ: Колкав промет оствари Македонска берза во август?
Македонска берза АД Скопје го објави месечниот статистички билтен за месец август според кој најтргувани се акциите на Макпетрол.
Според билтенот, со акциите на Макпетрол се реализирани 167 трансакции со учество во вкупниот промет од 30,89 %.
Зад Макпетрол, најтргувани акции на официјалниот пазар се хартиите од вредност на Комерцијална банка, Алкалоид Скопје и Гранит Скопје.
Извештајот покажува дека со акциите на Комерцијална банка се реализирани 145 трансакции со 20,04 % учество во вкупниот промет.
Со 149 трансакции или 16,52 % учествуваат акциите на фармацевтската комапнија Алкалоид АД Скопје и истите достигнаа просечна цена од 5.290,87 денари.
Во групата на најтргувани се и акциите на Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Македонски Телеком Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.
Прометот на Македонската берза за месец aвгуст во однос на месец јули, според податоците на билтенот, забележал пад од 37,27% и изнесува 182.876.525 денари. Во јули прометот на берзата изнесуваше 291.535.683 денари.
Бројот на трансакции изнесува 1017 и истиот пораснал за 3,88%.
Целиот билтен на Македонска берза погледнете го овде!
