НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ: Како се тргуваше на берзата во октомври?
Месец октомври донесе голема добивка за Македонска берза.
Најтргувани акции според октомврискиот билтен во месецот кој е зад нас беа акциите на Комерцијална банка која забележа промет од 67.033.023 денари.
Со нив се реализирани вкупно 293 трансакции со 32,70 % учество на пазарот и просечна цена од 2.655,60 денари.
Веднаш зад акциите на Комерцијална, на берзата најтргувани се акциите на Гранит и Макпетрол.
Извештајот покажува дека со хартиите од вредност на Гранит се реализирани 91 траксакција по просечна цена од 543,70 денари.
Макпетрол со промет од 17 милиони денари се најде на третото место.
Алкалоид се најде на четврто место, а со акциите на фармацевтската компанија се реализирани 133 трансакции со учество во прометот од 8,06% и остварен промет од 16 милиони денари.
Топ пет акција со која се тргувало најмногу во октомври е акцијата на НЛБ Банка АД Скопје која оставри промет од 12.180.793 денари.
