„НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО ОХРИД ГО РЕШАВАМЕ СО ГАЛЕРИИ“: Николоски вели вакво нешто прв пат се случува во регионот
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа до каде е изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Тој во објавата се пофали дека за прв пат во регионот при изградбата се прават галерии.
„НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид - Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во Македонија и во регионот.
Буквално пробиваме планини, стабилизираме косини коишто се од 100 до 200 метри, вкупно решаваме 16 косини, нешто што прв пат се случува во Македонија, но и во регионот!“, објави тој.
Слично
