Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈТЕШКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА: Косово стави забрана на „копањето“ криптовалути

НАЈТЕШКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА: Косово стави забрана на „копањето“ криптовалути

Земјата се соочува со најтешката енергетска криза во последната деценија, а евтината струја направи многу криптовалутни „рудари“ во последниве години.

Поради евтината струја во последните години, многу млади луѓе во Косово станаа „рудари“ на криптовалути.

Токму затоа владата на таа земја вчера го забрани „рударењето“ на криптовалути за да се намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со најголемата енергетска криза во последната деценија.

Минатиот месец Косово ја прекина струјата двапати дневно по два часа поради отежната работа на електрана на јаглен и високите увозни цени на струјата.

Слично

Поврзани вести