НАЈСТАРИОТ МИЛИОНЕР Е 96 ГОДИНИ, А НАЈМАЛИОТ САМО 8: Еве колку заработувале и нотари и извршители
Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година и истото остварило доход 1.016.947 денари (16.535 евра), а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со вкупен доход од 4.570.535 денари (74.317 евра) И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, информираше денеска Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
Управата за календарската 2020 година изготвила и доставила пополнета Годишна даночна пријава, за 769.794 граѓани.
Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073 денари.
За 40 021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 616.024, оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2019 година има зголемување во врвните прагови, односно 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари а 557 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.
Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019 (7,4 милиони евра) годишен бруто доход.
И во 2020 година од
самостојното вршење на
дејност Скопјани доминираат
на листата со доход по овој
основ, од кој највисокиот
изнесува 73.575.500 денари.
Во 10-те топ рангирани
на листата се наоѓаат
адвокати, нотари,
извршители, угостители,
електроинсталатори и
производители на амбалажи од
хартија.
Највисок доход од продажба
на земјоделски производи во
износ од 32.211.004 денари
остварил жител на Ресен.
Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува
странска пензија која изнесува 5.811.143 денари.
Годишните даночни пријави се изготвени врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од страна на исплатувачите, од пресметките во кои граѓаните пријавиле дека оствариле доходот од други физички лица и од странство, врз основа на податоците од годишниот даночен биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење самостојна дејност.
