Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најсреќниот посетител на Саемот за мебел ќе добие автомобил

Најсреќниот посетител на Саемот за мебел ќе добие автомобил
На Скопскиот саем од денеска започна јубилејното 40-то издание на Саемот за мебел. Вкупно 180 домашни и странски производители на мебел и 430 претставници на брендови ќе ги изложат своите производи на саемската манифестација. Годинава е забележано и зголемување од 20% на домашните излагачи. Ексклузивен партнер на Саемот на Мебел 2014 е „Порше Македонија“ кој за најсреќниот посетител ја обезбеди главната награда - автомобил „фолксваген ап". Според Златко Муцунски, генерален менаџер на „Порше Македонија", идејата е да го искористат Саемот за мебел во отсуство на саем за автомобили и да и се приближат на публиката со организирање тест-возења на автомобилите чии застапници се во Македонија. „Многу семејства ќе бидат присутни овде на оваа саемска манифестација на Мебел 2014 година и сакаме повторно тој позитивен и ведар дух да им го донесеме на луѓето дома, па заедно со парче мебел за дома да може да седнат во нашите автомобили и да им се роди желбата да возат нов автомобил, затоа што од сите автомобили најдобар е најновиот“, рече Муцунски.
Слично

Поврзани вести