Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најславните цитати на министерот: На дрво да ги берев парите, па не се издржува!

Најславните цитати на министерот: На дрво да ги берев парите, па не се издржува!

Министерот Зоран Ставрески кој денеска си поднесе оставка на функцијата министер за финасии, опозицијата често пати го посочуваше во така наречените „бомби“ во рамки на проектот „Вистината за Македонија“.

Најзапаметена и најчесто споменувана фраза и после една година на вицепремиерот според многумина е „Ние сме лудаци...Немаме за леб, а трошиме за чоколади“.

Во продолжение ви ги претставуваме најславните изјави кои произлегоа од „бомбите“ на опозицијата, а остануваат како сведоштво на периодот во кој министеруваше Ставрески.

-Мислам ние сме лудаци, ова што го правиме е ненормално. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома, тоа правиме ние.

-На Бетон сме му должеле ... абе кому не должиме бе брат?!

-80 милиони. 60 милиони. 42 милиони. Како бе да ова да беа бе, па на дрво да ги берев париве па не може ова бе, не се издржува.

-Државата не ни функционира

-Ситуацијата станува неиздржлива...Човекот изгубил контакт со реалноста...

-Корумпирани копилиња...

-Абе не иде веќе вака бе. Се повеќе и повеќе борчиме, 100 пати му реков, абе не иде вака веќе. Доста е да му ебам мајката.

-Сега слика нарачал, 100 слики, како оние во Археолошкиот музеј.  Добро бе Горде, кажи ми, еве јас дали сум ненормален или незнам више шо да мислам.

-Да ти кажам ноќеска каква порака добив, ми се смачи што ми идеше да грабнам телефон и да му ја скршам главата.

-И чесен човек е, и тоа исто. Ми е криво за целава ситуација вака што настана, ама што сака сила да покажува, ќе добие удар со чекан, па да види на кого покажува сила.

-Па да скратиме. Да скратиме. Не знам што да правиме. Јас не сум магионичар да можам да направам од ништо нешто.

-Горде, и да е подобро, ние додаваме, нон-стоп, толку многу трошоци и обврски да не постои нормална земја во светов, Америка да бевме па ќе, немаше да издржиме. Нема седница на Влада, нема седница на Економски совет, сега и тие комитетите ги креиравме, на секое од тие седници доаѓаат креативни идеи што да се прави. Патеки околу ова, патеки околу она, аква паркови…Не знам што праиме. Мислам, ние сме лудаци. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Тоа треба да го разбереме дека е ненормално.

-Абе утре да решам јас еден од тие да затворам, ќе го затворам за 24 часа, сите законски.

-Па ништо еве со шефот нешо ме побара нешо му објаснував, овој од ЕУ тужел, Орав, тој копиљот. Тој ич не не сака.

-Више, више не знам, мислам се полудев со ова. Не се издржува, знаеш дувам приходи вештачки ова тоа, мислам брука, што да ти кажам. За да го склопам некако.

-Кај да отидам, на кој сакаш штанд јас да отидам, ќе ме ...-Ќе се искршат...- На раце ќе ме држат.

-Што треба да потпишат знаеш? Договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштава без тендер. Тоа треба луѓево да потпишат.

-Забегана порака. Онака, човек што изгубил контакт со реалноста.

-Кај беше копилево за рецесијава да даде изјава?! Кај се криеше у која п.... му .... негова дупка!

-Свиња дебела, куп месо

 -П... ли му м....... негова! Кај го смисли онаков лош, злобен и невоспитан...Па во Влада уште ми седи.

-Да бе да, и на крајот ќе биде Хипо активниот.

-И ме заболе глава со информацииве на Влада, еве сега ги потпишував 200 информации за кец што се, Комисија. Абе Горде луѓево како да се идиоти бе, мислам ај еве и, абе нон стоп предмети со фискални импликации. Знаеш како нервира тоа, мислам како да разговараш со група на идиоти.

Слично

Поврзани вести