Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапите руски дијаманти од уникатната „Династија“ колекција

Најскапите руски дијаманти од уникатната „Династија“ колекција

Рускиот ископувач на дијаманти Алроса ќе ја стави на продажба „Династија“ колекцијата која е составена од пет скапоцени камења сите направени од еден огромен дијамант со 179 карати откриен пред две години во Јакутија. Меѓу нив најголемото парче на чист обработен дијамант има 51,38 карати. 

Сергеј Иванов, претседателот на Алроса посочи дека колекцијата „Династија“ е уникатна бидејќи потекнува само од едно парче на дијамант и за нејзина изработка биле потребни година и половина, па затоа очекува нејзината цена на аукција да стигне до 10 милиони долари. 

Секој дијамант носи име на династија која била важна за развој на рускиот накит како Шереметев, Орлов или Воронтцов. Специјалната аукција е закажана за ноември годинава.

Слично

Поврзани вести