Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапиот недвижен имот во Европа: Еден квадратен метар чини и над 20.000 евра

Најскапиот недвижен имот во Европа: Еден квадратен метар чини и над 20.000 евра

Според податоците од Дојче Банк, наведени се 10 европски градови со најскапа цена по квадратен метар стан.

Швајцарските градови продолжуваат да ја водат листата на најскапи недвижности во Европа. Во 2025 година, просечната пазарна цена по квадратен метар на стан во центарот на Цирих е дури 20.347 евра, што го прави овој град на првото место.

На второто место е Женева со просечна цена од 18.267 евра по квадратен метар, додека Лондон го зазема третото место со 17.810 евра. По нив следуваат Париз (12.143 евра), Минхен (11.387 евра) и Луксембург (10.056 евра), кои се исто така на врвот на листата на најскапи пазари на недвижности во Европа.

Во групата градови со малку пониски, но сепак многу високи цени, се наоѓаат Стокхолм (10.034 евра), Виена (9.249 евра), Амстердам (9.173 евра) и Осло (8.942 евра).

Овие податоци јасно покажуваат дека Западна и Северна Европа се најскапи пазари, со особено изразен раст на цените во Швајцарија и Обединетото Кралство, објавува „Пословни дневник“.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести